Високоефективната вакцина против ковид-19 на „Модерна“ пружа можност за одлична заработка, покрај заштитата на милиони луѓе. Пред 18 месеци „Модерна“ беше биотехнолошка компанија во зачеток проценета на 6,5 милијарди долари, а минатиот месец нејзината пазарна вредност накратко надмина 100 милијарди долари.

За време на презентација на заработката одржана на 5 август, компанијата соопшти дека очекува продажбата на вакцините да и донесе 20 милијарди долари годинава. „Модерна“ ќе треба да донесе итна стратегиска одлука, откако акциите на компанијата со седиште во Масачусетс, САД, забележаа огромен скок поттикнат од успехот на нејзината вакцина и оптимизмот поврзан со технологијата мРНА.

Продажбата на вакцината на „Модерна“ зависи од нестабилната состојба со пандемијата и потребата за евентуална трета доза. Но, компанијата има капитал од 12,2 милијарди долари, како и високо ценети акции и минимален долг, што и дава простор за маневрирање. „Модерна“ има јасни планови за инвестирање во областите поврзани со мРНА технологијата, со што се поставува прашањето дали нејзината вредност може да се зголеми и до 200 милијарди долари.