Тим експерти од Светската здравствена организација (СЗО) денес пристигнаа во Вухан со цел да спроведат истрага за потеклото на ковид-19. Но, истрагата започнува многу подоцна од планираното поради несогласувањата меѓу СЗО и властите на Кина, пренесуваат светските медиуми. 

Посетата е обвиена во тајност, а ниту Кина ниту СЗО откриваат многу детали и информации во врска со истрагата, ниту за членовите тимот.

За време на двонеделниот карантин кој го поминаа, експертите на СЗО соработуваа со експерите од Кина, главно преку видеоповици. По влегувањето во земјата 13-те експерти (двајца од 15-члениот тим останаа во Сингапур поради сомневање дека имаат коронавирус), веројатно ќе се упатат кон пазарот Хуанан, каде што беше регистриран првиот кластер, како и во Вуханскиот институт за вирологија. Првичните претпоставки се дека вирусот се развил кај лилјаците кои се продаваат на пазарот.

Институтот за вирологија во Вухан има широка архива на генетски секвенци на коронавируси кои потекнуваат од лилјаци изградена за време на пандемијата САРС која се случи во 2003 година. Експертите на СЗО се надеваат дека ќе добијат пристап до лабораториските податоци и забелешки, како и до безбедносните протоколи за прибирање, чување и анализа на примероци. 

Кина цврсто ги отфрли повиците за независна надворешна истрага. Владејачката Комунистичка партија држи силен стисок околу информациите и што објавуваат медиумите, а Западот смета дека е загрижена за можните откритија во врска со справувањето со вирусот, кои можат да им донесе меѓународни критики и финансиски проблеми.

Мисијата на тимот научници на СЗО беше одобрена по повеќемесечни преговори меѓу Обединетите нации и кинескиот претседател Си Џинпинг. Кина не брзаше со издавањето дозвола за отпочнување на истрагата и за влезот на научниците во земјата, што предизвика ретка јавна жалба од страна на СЗО минатата недела, објави „Волстрит џурнал“.

Коронавирусот, кој беше првпат детектиран пред една година во Вухан, оттогаш се прошири низ целиот свет и зарази 92 милиона луѓе. Иако првиот случај беше регистиран на 31 декември 2019 година во Вухан, некои докази посочуваат дека вирусот циркулирал порано во Кина и некои европски земји.  

Коронавирусот, кој беше првпат детектиран пред една година во Вухан, оттогаш се прошири низ целиот свет и зарази 92 милиона луѓе. Иако првиот случај беше регистиран на 31 декември 2019 година во Вухан, одредени докази сугерираат дека вирусот циркулирал порано во Кина и некои европски земји.