Новозеландскиот министер за здравство Дејвид Кларк денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот.

Кларк себеси претходно се опиша како „идиот“ бидејќи ја прекршил мерката за карантин, по што минатата недела го обвини генералниот директор на здравството, Ешли Блумфилд, за пропусти на границите, што предизвика бес во јавноста.

Сепак, тој со поднесувањето на оставката рекол дека во работата ја вложил сета своја енергија, но и дека планира да остане во парламентот како пратеник од понизок ранг.
Премиерката Џасинда Ардерн изјави дека е подготвена да ја прифати неговата оставка.

– Од суштинско значење е нашето здравствено раководство да ја има довербата од јавноста – навела Ардерн во соопштение и додала дека го поставила министерот за образование, Крис Хипкинс, за привремен министер за здравство.