Германската канцеларка Ангела Меркел се спротивстави на натамошно ублажување на ограничувањата наметнати од ширењето на коронавирусот во нејзината земја, повикувајќи се на неодамнешно зголемување на бројот на случаи.

Меркел рече дека Германија е „среде пандемија“ и ги повика Германците да ги почитуваат правилата за физичко дистанцирање и за одржување на лична хигиена.

Говорејќи по состанокот со гувернерот и министрите на сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената држава во Германија, Меркел изрази поддршка за униформни правила за некои аспекти на пандемијата.

Шеснаесет држави во Германија претежно поставуваат свои правила, честопати создавајќи збунувачка мешавина на регионални правила што предизвикува забуна во земјата со 83 милиони луѓе. Меркел и гувернерот Армин Лашет рекоа дека сите идни ограничувања не треба да создаваат непотребен товар за децата и студентите.

Германската агенција за контрола на болести објави дека има 1.390 нови потврдени случаи на коронавирус во земјата, пренесува АП.