Германската канцеларка, Ангела Меркел, примила втора доза од вакцината на „Модерна“, по првата доза од „Астразенека“, соопшти нејзиниот кабинет.

– Да, потврдуваме дека германската канцеларка неодамна ја доби втората доза на вакцина од американската компанија „Модерна“, откако прими прва доза од шведско-британската „Астразенека“ на 16 април – соопштил портпаролот на канцеларката.

66-годишната Меркел ја прими вакцината на „Астразенека“ на 16 април, чија употреба беше суспендирана во Германија некое време, откако беа пријавени неколку случаи на згрутчување на крвта во Европа.

Употребата на таа вакцината, која првично ја примија повеќе германски официјални лица, вклучувајќи го и претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, во Германија е резервирана за луѓе над 60 години.

Неколку земји, меѓу кои и Германија, одлучија да дадат втора доза на вакцина која ја користи таканаречента технологија на информациона РНК, како што се оние на „Фајзер“/„Бионтек“ или „Модерна“ и да применат комбинација на вакцини по првата доза од „Астразенека“.

Повеќе од половина (51,2 проценти) од германското население, или 42,5 милиони луѓе, примиле барем една доза на вакцина, а 26,3 милиони, или 31,6 проценти, се целосно вакцинирани, според податоците објавени од институтот „Роберт Кох“.