Германската канцеларка, Ангела Меркел, ја објави потврдата дека примила вакцина против коронавирус.

– Се радувам што денес ја добив првата доза на вакцината на „Астра зенека“. Им благодарам на сите кои се ангажирани во кампањата за вакцинација и на сите кои се вакцинираат. Вакцинирањето е клучно за сузбивање на пандемијата – напиша Меркел на Твитер.

Вакцината на „Астра зенека“ во Германија се дава само на лица над 60-годишна возраст. Со ова Меркел испрати порака дека и натаму верува во оваа вакцина, коментираат германски медиуми.