Германија поради пандемијата на коронавирусот минува во најтешките периоди уште од Втората светска војна, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Во првото телевизиско обраќање до нацијата за 14 години, канцеларката ги повика властите на солидарност и им порача на сите лица во Германија да ги заштитат оние кои се најранливи.

– Од Втората светска војна, нашата земја не се соочила со ваков предизвик и сето тоа зависи од нашата заедничка солидарност – рече Меркел.

Таа додаде дека научниците работат напорно за да пронајдат вакцина за коронавирусот, но дека сè додека не се случи тоа, можеме да работиме на забавувањена вирусот.

– Германија има одличен здравствен систем, веројатно еден од најдобрите во светот. Сепак, нашите болници, исто така, ќе бидат пренатрупани доколку голем број пациенти се јават за кратко време – рече германската канцеларка.