Германската канцеларка Ангела Меркел ги чека резултатите од тестот за коронавирус, со цел да се утврди дали е позитивна на оваа болест или не, изјави денеска нејзиниот портпарол, Штефан Зајберт.

– Канцеларката е добра – рече Зајберт на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Тој одби да каже кога ќе бидат готови резултатите.

Вчера кабинетот на германската канцеларка соопшти дека таа е самоизолација поради недамнешен контакт со доктор за кој е утврдено дека го има вирусот „Ковид-19“.