Видот на коронавирусот, кој првпат беше откриен во Велика Британија, а сега се шири во Германија, е поопасен кај младите, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

– Докажано е дека британскиот вид е поопасен за децата и младите, па затоа мора заштитата на училиштата да ја одредиме како наш приоритет – им рече Меркел на пратениците, а пренесува агенцијата „Ројтерс“.