Вториот најнаселен град во Австралија воведе петдневен карантин, соопштија денеска властите, забранувајќи им на гледачите да присуствуваат на тенискиот турнир Австралија опен.

Во новото жариште поврзано со хотел за карантин во Мелбурн, главниот град на државата Викторија, вчера се откриени 13 случаи.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрус, објави затворање на сојузната држава, нарекувајќи го процесот „кратко, остро сузбивање на ширењето на вирусот“, забранувајќи јавни собири, свадби и верски собири.

„Нема да има публика на спортски настани во земјата“, рече Ендрус.

Австралија опен трае до 21 февруари. Публиката веќе беше ограничена на 50 проценти од вообичаениот капацитет.

Минатата година Викторија имаше еден од најдолгите и најстрогите карантини во светот.