Првата дама на САД Меланија Трамп вчера изразила сочувство за лицата кои ги загубија животите поради ковид-19 во Франција, преку телефонски повик до француската прва дама Брижит Макрон, пренесуваат светските медиуми.

Меланија Трамп објавила на Твитер дека земјата ја поддржува Франција во борбата против пандемијата на коронавирус.

Белата куќа објави изјава со која се потврдува комуникацијата двете први дами.

– Госпоѓа Трамп и госпоѓа Макрон се согласиле да останат во контакт наредните денови и недели, бидејќи САД и Франција работат заедно во борбата со пандемијата Ковид-19 – се наведува во соопштението на Белата куќа.

Францускиот претседател Емануел Макрон минатиот месец ја вклучи и армијата на Франција во борбата против ковид-19.