Претседателот на партијата Обединета Русија, Дмитриј Медведев, не ја исклучува можноста за последователен бран на коронавирусот.

Затоа, тој смета дека е неопходно да се активира меѓународната соработка во борбата против оваа закана.

– За жал, никој не може да гарантира дека нема да има промена на полошо, дека нема да има втор или трет бран, дека лековите, кои се подготвуваат сега, ќе се покажат ефикасни – рече Медведев за време на меѓународната меѓупартиска тркалезна маса за соработка од областа на безбедноста за време на пандемија.

Тој го цитира мислењето на еден од водечките американски експерти за заразни болести дека пандемијата штотуку почнала.

– Ајде да размислиме за тоа, ова го вели експерт од земја во која веќе се разболеа три милиони луѓе. Само со заедничко работење може да се обидеме да ги постигнеме посакуваните резултати – рече Медведев, кој истовремено е заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност.