Францускиот претседател Емануел Макрон ја изгуби популарноста меѓу младите во таа земја, откако француските власти ги претставија новите правила во врска со здравствените пропусници и задолжителната вакцинација на вработените во здравствената заштита.

Популарноста на Макрон се намали за 13% кај луѓето на возраст од 12 до 24 години, покажува анкетата спроведена од агенцијата за истражување на јавното мислење на ИФОП.

Процентот на оние кои не ја одобруваат политиката на францускиот претседател е зголемен кај возрасните групи од 25 на 34 и од 35 на 49 проценти.

Во исто време, Макрон доби шест проценти поголема поддршка кај пензионерите и три проценти кај населението постаро од 65 години.

Анкетата покажа дека популарноста на Макрон расте меѓу групите луѓе кои претежно примале вакцина против коронавирусот.

Француската влада објави извештај во кој се наведува дека досега се вакцинирани 55% од населението во земјата.

Илјадници луѓе вчера маршираа низ Франција во знак на протест против задолжителната вакцинација на здравствените работници и ковид пропусниците за влез во ресторани и други места.

Во Париз, поради најавата на Макрон, голем број граѓани скандираа „слобода“ и носеа транспарентни осудувајќи ја „медицинската диктатура“ на францускиот претседател.