Кога францускиот крал Луј Шеснаесетти, неговите двајца браќа и неговата снаа беа имунизирани против мали сипаници во 18-от век, јавноста била загрижена за поврзаните ризици. Иако експериментот бил успешен, дури поттикнал и нов вид на фризура, сомнежите никогаш не исчезнале, пишува „Блумберг“. Со примената на вакцините во 19-от век, во ерата на Луј Пастер, почнаа да се појавуваат и отпорот, апатијата и недовербата кон нив.

Со сличен предизвик се соочува и францускиот претседател Емануел Макрон кој е изолиран во Елисејската палата откако беше позитивен на ковид-19, што резултираше со карантин за повеќемина европски лидери. Тој сега ита за да ја подготви државата изморена од рестрикции за вакцините против ковид-19. Во Франција моментно постои голема недоверба кон вакцините, а нарушена е довербата и во институциите, па неговата задача ќе биде критичен тест за Европа.

Недовербата кон вакицините се долши и на бавноста на ЕУ во одобрувањето на првата вакцина, со што Унијата заостана зад Обединетото Кралство и зад САД. Поради притисокот од вториот бран, вакцината на „Фајзер“ беше одобрена во Германија една недела порано од планираното. Како резултат на тоа, првите вакцини на Стариот Континент ќе бидат дадени пред крајот на годинава.

Но тоа е само почеток на справувањето со комплексното прашање. Додека ЕУ нарача околу две милијарди дози за нејзините 450 милиони жители, тие нема да стигнат истовремено и сите вакцини уште не се одобрени. Француската нарачка од „Фајзер“ изнесува околу 45 милиони вакцини, што значи дека ќе бидат доволни за 22 милиони луѓе да добијат по две дози при вакцинацијата. Тоа ќе биде доволно за популацијата над 65-годишна возраст, односно за една третина од вкупното население. Секоја

Во целата ситуација ќе биде важна и ефикасноста на јавниот сектор, а советниците на Макрон знаат дека нема простор за грешка пред гласачите. Најголемиот предизвик за Франција сепак ќе биде убедувањето на народот да се вакцинира, кога вакцините ќе стигнат. Неодамнешна анкета на „Ипсос“ покажа дека 54 отсто од возрасните Французи се согласуваат да примат вакцина кога ќе биде достапна, што е најниско ниво на доверба од вкупно 15 држави кои учествувале во испитувањето.

Токму затоа заболувањето на Макрон од ковид-19 доаѓа во особено непогоден час, бидејќи веќе поттикна расправа дали францускиот претседател ги почитувал превентивните мерки. А Макрон во средата бил на вечера со 11 јавни личности и политичари, што е повеќе од дозволениот максимум за собир од шест лица, според француските прописи. Инфекцијата се случи и во моментот кога рејтингот на Макрон почна да се поправа.

Извесно е дека Франција, како и цела Европа, ја очекуваат големи предизвици при вакцинацијата која се смета за критична за враќањето на секојдневниот живот во нормала.