Претседателот на Франција рече дека Соединетите Американски Држави победија кога станува збор за вакцините против ковид-19 благодарение на огромните инвестиции и брзите експериментални третмани.

Макрон ги повика своите сонародници да се приклучат на, како што рече, националниот воен напор за дистрибуција и производство на вакцини.

За време на посетата на фабриката, која оваа недела почна со производство на вакцината на „Фајзер“, Макрон вети дека Франција годинава ќе произведе 250 милиони дози вакцини за домашна и глобална употреба.

Во услови на незадоволство во Франција во врска со фактот дека ниту една француска компанија досега не произведе вакцина против коронавирусот и покрај моќната фармацевтска индустрија, Макрон вети дека ќе вложи напори за поттикнување развој и производство на вакцини на локации, како што е фабриката „Делфарм“, што ја посети.