Луксембург сака да започне со тестирања за коронавирус, што би го опфатиле целото население.

Тестовите ќе бидат доброволни, а може да се тестираат и оние што живеат преку границата во Германија, Франција и Белгија, а на работа доаѓаат во Луксембург.

Околу 8.500 ученици и наставници ќе бидат тестирани пред да се отворат училиштата на 4 мај.

Најмалку 20.000 тестови може да се направат секој ден, рече министерот за здравство.

– Наша цел е да го тестираме целото население, некои и повеќе пати – истакна тој, додавајќи дека тоа може да се направи во релативно кратко време затоа што земјата е мала.

Со оваа акција, Луксембург би можел да стане првата земја во светот што ќе има целосен увид во бројот на заразени граѓани.

Според сегашните мерки, жителите можат да одат само на лекар, на работа и до продавница.

Луксембург има 3.729 заразени и 88 смртни случаи.