Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека не е случајно заразeн со ковид-19. Според него, болеста му била подметната.

– Ми го подметнаа коронавирусот. Сега тоа го истражуваме – рече Лукашенко.
Овие зборови на Лукашенко ги цитираше на нејзиниот профил на Фејсбук главната уредничка на порталот „Гордон“, Алесија Батсман, која присуствуваше на интервјуто што Лукашенко го даде на украинскиот новинар Дмитриј Гордон.

– Тие можат и да ме убијат, но јас никаде нема да бегам – додаде Лукашенко.

Претседателот на Белорусија изјави дека болеста ја прележал на нозе и во поблага форма.