Лондон воведува најстроги ограничувања поради силното зголемување на стапката на инфекција со коронавирус, пренесува Би-би-си.

Новите ограничувања стапуваат во сила в среда на полноќ по локално време, рече министерот за здравство, Мет Ханкок.

Покрај тоа, највисоко ниво на ограничувања исто така ќе се воведе во делови на провинциите Есекс и Хертфордшир.

На почетокот на месецот владата воведе систем за ограничувања на неколку нивоа за да го стави под контрола вториот бран на вирусот по едномесечното затворање.

Повеќе од 40 проценти од граѓаните се класифицирани во категоријата со највисок ризик.

Во Лондон ограничувањата беа на второто највисоко ниво, а разликата помеѓу двете најстроги нивоа е што во второто ниво баровите и рестораните може да останат отворени под одредени услови, а во последното ниво тие мора да бидат затворени и дозволени се само нарачки од надвор.