Лидерите на Европската Унија на 29 октомври ќе одржат видео самит посветен на епидемијата на коронавирус, изјавиле за AФП извори oд ЕУ.

Како што е наведено, на последниот самит на 15 и 16 октомври било договорено редовно да се разгледува прашањето за епидемијата во светло на воведувањето мерки за сузбивање на ширењето на инфекцијата.

Ирска денес стана првата земја во Европа што повторно воведе карантин за целото население, додека ограничувачки мерки веќе се воведени и во Италија, Франција, Белгија и Шпанија.

Според последните податоци на агенцијата „Франс прес“, најмалку 1.126.471 лице починале од ковид-19 во светски рамки, додека повеќе од 40.856.210 лица се заразиле.

Во Европа починале повеќе од 254.300 луѓе.