Либан започна 25-дневна блокада низ целата земја, трета по ред од 1 февруари. Повеќето компании во Либан ќе бидат затворени, додека бројот на летови на либанскиот меѓународен аеродром ќе се намали.

Од денеска, полициски час стапи на сила во Либан, а на жителите до 1 февруари им е абрането да се движат од 18 до 5 часот наутро.

Либан во изминатите 24 часа имаше 21 смртен случај од коронавирус, додека бројот на вкупно потврдени случаи на ковид-19 во земјата се зголеми на 200.000, со повеќе од 1.500 смртни случаи.