Пролетта е обично период кога граѓаните на Јордан ги користат пролетните ветрови и редовно летаат летечки змејови.

Годинава, со воведувањето на полициски час, оваа појава стана уште почеста во главниот град Аман, па луѓето се качуваат на покривите од зградите за да ги вивнат во воздухот ваквите летала.

„Кувајт банка“ од Јордан годинава набави стотина змејови со натписот „Останете дома“, напишани на арапски јазик, со цел на необичен начин да се рашири пораката дека луѓето треба да останат во своите домови со цел заштита и превенција од ковид-19.