Австрискиот канцелар Себастијан Курц остро ја критикуваше Европската агенција за лекови, барајќи побрзо издавање на одобренија за вакцини за коронавирус, информираат тамошните медиуми.

– Не може во други земји вакцината да се одобрува побрзо отколку што тоа го прави Европската агенција – рече Курц.

Како причина за критиката тој го наведува одобрението за вакцината од компанијата „Џонсон и Џонсон“ во САД.

„Европската агенција за лекови сега е поканета да ја одобри вакцината „Џонсон и Џонсон“ што е можно побрзо, небирократски и во согласност со сите научни стандарди – нагласи Курц во изјавата.

Тој процени дека вакцината може да донесе пресврт во борбата против пандемијата, бидејќи е потребна само една вакцина за целосна имунизација и може да се чува во обичен фрижидер.

Покрај тоа, нагласува тој, вакцината има висок ефект против сериозни болести.