Австриското Министерство за здравство утрово објави дека во земјата има 800 потврдени случаи на зараза.

Најголем број заразени лица има во провинцијата Тирол (245), а потоа следуваат Горна Австрија, Долна Австрија и Виена.

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, оцени дека Австрија моментно се соочува со најголемиот предизвик од Втората светска војна.

Курц, за австриската државна телевизија, ги бранеше рестриктивните мерки воведени од неговата влада за намалување на ширењето на вирусот.

– Мерките не можат да бидат убави и да мислите дека делувањето е претерано. Ние се соочуваме со најголемиот предизвик за Австрија од Втората светска војна досега  – подвлече тој.