Австралискиот премиер Скот Морисон ја прекина планираната турнеја низ земјата за да се фокусира на кризата со коронавирус.

Тој оцени дека ситуацијата е многу сложена по избувнувањето на епидемија во домовите за стари луѓе во Мелбурн.

Во Викторија, втората најнаселена земја во Австралија, во последните 24 часа се регистрирани 384 нови случаи, што е помалку од претходниот ден.

Претходниот ден е забележан рекорден број нови пациенти, 532, а здравствените експерти предупредуваат дека ситуацијата е сè уште алармантна, пренесува „Ројтерс“.

– Ситуацијата во домовите за стари лица во државата Викторија е многу сложена. Имаме комбинација на пренесување на вирусот во заедницата. Во Мелбурн вирусот го пронајде својот пат до многу објекти, особено таму каде што луѓето се грижат за стари лица – рече премиерот во Јанина, Квинсленд и ја откажа понатамошната турнеја низ земјата.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, рече дека 769 активни случаи биле поврзани со неколку домови за стари лица во Викторија, кои пријавиле девет смртни случаи од понеделник.

Судот им дозволи на вработените во старечки дом, вклучително и медицински сестри, да добијат две недели платен одмор поради пандемијата.

Морисон истакна дека бројот на квалификувани работници во тој сектор е ограничен и дека пандемијата пред нив поставила нови предизвици.

Во меѓувреме, Кралската детска болница во Мелбурн објави дека новороденче, еден член на болницата и двајца родители на интензивна нега се позитивни на коронавирус.