Во Кина, коронавирусот е пронајден во еден вид сладолед, поради што целата серија е повлечена од продажба, соопшти тамошната влада.

Компанијата Дакијаодао Фуд во градот Тијанџин беше затворена, а вработените се тестирани за коронавирус.

Поголемиот дел од сладоледот, од кои имало 29.000 парчиња, сè уште не е продаден, а властите успеаја да влезат во трага на 390-те сладоледи продадени во Тијанџин.

Сладоледот е направен од млеко во прав од Нов Зеланд и прав од сурутка од Украина.

Кинеската влада сугерира дека вирусот е увезен преку состојки, иако експертите се сомневаат во тоа.