Коморските Острови го пријавија првиот случај на коронавирус и станаа 53-та од 54-те држави во Африка, каде се појавила болеста на ковид-19.

Само Лесото досега нема пријавено случај на зразен со коронавирус.

На африканскиот континент досега се заразени вкупно 37.400, а починале 1.598 луѓе.

Во Гана бројот на заболени надмина 2.000, што е пораст од 24 отсто за само неколку дена. Во таа земја се потврдени 403 нови случаи, со што вкупниот број на заразени порасна на 2.074.

Врвот на епидемијата во таа земја беше прогласен пред 10 дена, кога претседателот Нана Акуфо Адо ги ублажи рестриктивните мерки во главниот град Акра и во Кунаси.

Најголем број заразени на африканскиот континент во моментов има Јужноафриканската Република со 5.350.