Според сателитските снимки од болничките паркинзи во Вухан, како трендовите на пребарување на интернет, коронавирусот во Кина можеби почнал да се шири уште во август минатата година, според новата студија на Медицинскиот факултет во Харвард.

Истражувањето, кое засега не е рецензирано, покажа дека имало значително повеќе автомобили на паркинзите на пет болници во Вухан кон крајот на летото и есента 2019 година отколку во претходната година. Дополнително, кинескиот пребарувач Баиду во тој период забележал зголемен број пребарувања за клучни зборови поврзани со заразни заболувања, пишува Си-ен-ен.

Користејќи снимки од октомври 2018 година научниците изброиле 171 автомобил на паркинзите на една од најголемите болници во болницата Вухан – Тјанју. Според сателитските снимки, една година подоцна на истите паркиралишта имало 285 возила, што претставува зголемување за 67 отсто, а кај некои болници има пораст и до 90 отсто.

– Во некои болници во есента и во зимата 2019 година се евидентирани денови на висок релативен волумен на пополнетост на паркинзите. Меѓутоа, помеѓу септември и октомври 2019 година, пет од шесте болници имале најголем релативен дневен обем на анализирани серии, што се совпаѓа со зголемениот степен на пребарување на Баиди за термините „дијареа“ и „кашлица“ – напишале научниците во студијата.

Употребата на „проверени текови на податоци“ за да се следат појавата и ширењето на респираторните заболувања не е нова, а оваа техника ја користат и разузнавачките агенции.

„Идејата е дека пополнетоста на болничките паркинзи или протекот на пациенти може да се користат како релативен показател за нешто што се случува во популацијата. Пред неколку години објавивме труд за тоа како се полнат местата за паркирање за време на сезоната на грип и се зголемува протекот на пациенти во болниците во Латинска Америка. Може да ја предвидите сезоната на грип само со тоа што ќе ја погледнете пополнетоста на паркинзите – рече Џон Браунстин од детската болница во Бостон.