Европските гастронационалисти имаат нов изговор – закрепнувањето од кризата предизвикана од коронавирусот, пишува „Политико“.

Владите ја користат пандемијата за да пропагираат заштитничка агенда во која која јадењето на домашни производи се изедначува со патриотизмот. Многумина предупредуваат оти ваквиот вид на кулинарски шовинизам претставува закана за единствениот пазар на ЕУ.

– Повикувам на патриотизам за патриотизам за храната и на земјоделски патриотизам – порача францускиот министер за земјоделство Дидие Гијом минатата недела, поттикнувајќи ги граѓаните да ги поддржат француските фармери преку купувањето на француски јагоди и домати, наспроти шпанските, и покрај тоа што се поскапи.

Француската влада од март е во преговори со супермаркетите за купување на локални производи, како резултат на што одредени големи синџири на маркети почнаа речиси потполно да се снабдуваат од локалните производители.

Полската влада, пак, јавно именуваше 15 домашни производители кои увезоа млеко од други држави од ЕУ, наместо да го купат од полските фармери.

Министерката за земјоделство на Австрија Елизабет Кестингер соопшти дека владата работи на создавање на „регионален бонус“ за храна, според кој локалните прехранбени продукти ќе добијат одредени предности со цел за помагање на секторите погодени од кризата.

Националното здружение на фармери од Англија и од Велс најави дека ќе побара од владата да издејствуваа потполно снабдување со британска храна, каде што тоа е возможно.

Слични повици можеа да се слушнат и од португалските, грчките и бугарските министри.

Пазарот за земјоделски производи е погоден од затворањето на рестораните, што резултираше со апелите за Европејците да почнат да се хранат поздраво.

Ваквата состојба предизвика загриженост за последиците за фер конкурентноста на единствениот пазар на ЕУ.

Осум држави во ЕУ ги искористија привремено ублажените правила за конкурентност на пазарот од страна на Европската комисија, за да доделат државна помош од 1,2 милијарди евра на нивните фармери.