Двете голем сили не можат да водат и не постои убедлива коалиција која би ги заменила

Автор: Џанан Ганеш

Фајненшел тајмс

Невкусно би било да го прогласиме геополитичкиот победник во пандемијата од коронавирусот. Олеснителна околност е што не постои таков. Ниту една светска сила не се покажа добро. Од САД во оваа криза немаше Бретонвудски систем или операција „Пустинска бура“, ниту пак здружување на сојузниците во заеднички одговор. Дури и претседателот Доналд Трамп да имаше иницијатива за ваков чекор, тој не поседува такви вештини.

Грешка е да се поддржи смената на претседател на ноемвриските избори годинава за да се врати Америка на старите лидерски патеки. Проблемот е подлабок од секој човек и ја опфаќа силната поделеност во државата.

САД можат да си дозволат две раскарани партии. Неусогласеноста сериозност со која пристапија црвените и сините Американци на епидемијата од вирусот не е само внатрешен проблем. Тоа ја става во опасност способноста на Вашингтон да води други нации. Покрај целото негово дипломатско искуство, Џо Бајден како претседател (демократот кој има добар рејтинг против Трамп во анкетите) би се соочил со истите ограничувања. Надворешното лидерство на државата оди рака под рака со внатрешната кохерентност.

Но ова не е ниту најблескавиот момент за Кина. Пекинг ја прокоцка својата кредибилност преку недостигот на искреност, а меѓународните меѓусебни обвинувања за ширење на вирусот само што започнаа.

Што се однесува до Европа, нејзиниот одговор на пандемијата ги опфаќа британската колебливост и унгарската автократија. Таа не покажа подготвеност како онаа на Гордон Браун (тогашниот британски премиер) за време на финансиската криза од 2008 година. На ниво на ЕУ повторно се враќаме на вечното прашање дали „блиската унија“ го вклучува и делењето на заедничкиот јавен долг.

Пандемијата ја открива вистинската состојба на светот на почетокот од 21-от век. Сега е јасно дека повеќе не живееме во униполаризиран свет. Но од друга страна не живееме ниту во биполаризираниот што ни е познат. Кога е потребно, докажаната сила е премногу дисфункционална за да води, но нејзините ривали не поседуваат капацитет или доверба за да се наметнат, а ниту постои трета сила или коалиција на земји.

Подгответе се за униполаризираниот свет, затоа што очигледно ќе потрае. Ниедна нација не е доволно силна за да го води остатокот од светот, но барем две се доволно големи за да ги насочат меѓународните институции. Поголемиот дел од времето не се забележува последичниот недостиг на контрола, но се истакнува особено во вакви кризи.

Пред осум години, консултантот Ијан Бремер ја предвиде оваа состојба во својата книга „Секоја нација за себе“ и наведе дека ниедна држава или блок нема капацитет да понуди решение. Со малку среќа, една жртва на кризата ќе бидат страшните и предвремени дебати за „втора студена војна“. Но од друга страна САД и Кина имаат влошени меѓусебни односи и тоа многу повеќе отколку пред пандемијата.

Поентата на Студената војна е што не насочи само две сили една против друга, туку и остатокот од светот се групираше во кохерентни блокови што влијаеше врз меѓународните односи половина век.

Можеби повторно ќе се појави ваква планетарна поделба. Засега светот е доволно силно поделен за да се случи тоа. САД продолжуваат да го водат одговорот на Западот против вирусот, додека Кина го презема водството во својот еднакво кохезивен табор. Наместо тоа, ние сме сведоци на национални стратегии, а регионалната соработка е ретка.

Токму тука е проблемот. Нарушената структура во светот предводена од нарушени сили е подобро решение од никаква структура. Александар Херцен, радикалот од 19-тиот век, ја употреби метафората на „бремена вдовица“ за да го опише затишјето меѓу историските епохи, односно крајот на еден систем, чиј наследник допрва треба да се роди.

Стравот од скок во празно е стар уметнички принцип. Тој ја отфрла идејата за празен простор во сликањето. Историјата не дозволува ваков избор. Од време на време таа создава вакуум. Дали овој ќе биде анархичен како последниот, останува на нас да откриеме.

Превод: Билјана Здравковска