Нов Зеланд одлучи да го одложи парламентарните избори за едне месец, откако во земјата се појавија нови случаи на коронавирус, објави премиерката Џасинда Ардерн.

Изборите требаше да се одржат на 19 септември, но сега се одложуваат за 17 октомври.

Оваа земја прогласи победа над коронавирусот пред неколку недели, откако цели три месеци немаше ниту еден нов случај на ковид-19. Беа симнати сите протоколи и забрани и луѓето слободно се движеа и функционираа. По четирите нови случаи на ковид-19 во Окленд, вчера таму се регистрирани во еден ден уште 49 заразени.

Партиите ги стопираа изборните кампањи, а премиерката донесе одлука за одложување на изборите.