Во Соединетите Американски Држави повеќе луѓе починале како резултат на ковид-19 отколку што Америка загубила животи во Првата светска војна, пренесуваат американските медиуми.

Според Универзитетот „Џонс Хопкинс“, 116.526 луѓе починале во САД од почетокот на пандемијата до полноќ во понеделникот, а според официјалните податоци, Америка изгубила 116.516 војници во Првата светска војна.

Иако ниту еден податок, најверојатно, не е целосно точен, експертите веруваат дека бројот на убиени војници е многу попрецизен од бројот на починати за време на пандемијата.

Се верува дека многу повеќе луѓе починале од последиците од коронавирусот, особено во домовите за стари лица и болните затоа што многу од нив не биле тестирани пред смртта.