Новиот коронавирус мутира како и останатите вируси и засега има осум типа кои кружат на планетава, тврдат експертите, а добрата вест е дека мутациите не се смртоносни, вели Тревор Бедфорд, чиј портал „NextStrain“ го следи геномот на вирусот со помош на примероци од целиот свет.

Експертите го секвенционираат геномот на коронавирусот и откриваат видови што се појавиле, откако вирусот минатата година прв пат премина од животните на човекот во кинескиот град Вухан.

Нивните трудови покажуваат дека висурот мигрира и се дели во слични, но и во нови поттипови, пишува американското списание „Ју-ес-еј тудеј“.

– На прашањето дали вирусот генетски се менува, одговорот е апсолутно да. Прашање е дали се случила некоја промена која ја одредува насоката на движење на болеста или преносот или другите работи што се важни за луѓето – вели епидемиологот од „Харвард“, Марк Липсич.

Новите типови се незначително променети и нема разлика во смртноста, истакнуваат експертите.

– Вообичаената стапка на мутирање, околу две месечно, е сосем вообичаена за вирусите. Грипот обично има ист број мутации, понекогаш и повеќе – истакна Бредфорд.