Поради зголемениот број на увезени случаи на коронавирус, на Кина ѝ се заканува втор бран на инфекцијата во деновите кога „во основа е запрен локалниот пренос на вирусот“, изјави денеска портпаролот на националната комисија за здравство.

– Кина веќе има вкупно 693 заразени кои потекнуваат од странство, што значи дека можноста за нов бран на епидемијата е сè уште релативно голема – рече портпаролот Ми Фенг.

Во изминатите седум дена, Кина објави 313 увезени случаи на коронавирус, а само 6 потврдени случаи на локален трансфер.

Повеќето од увезените случаи вклучуваат Кинези кои се вратиле од странство.

Вкупно 3.300 луѓе починаа во Кина, а 81.439 се заразени.