Кина одобри употреба на уште две вакцини против коронавирус. За вакцината „Кансино“ е потребна само една доза и, како што е наведено, ефикасна е во речиси две третини од случаите четири недели по вакцинацијата.

Втората вакцина е произведена на Институтот за биологија во Вухан, кој е дел од државната компанија „Синофарм“, и е ефикасна во повеќе од 72 проценти од случаите.

Вакцините од „Синовак“ и „Синофарм“ претходно беа одобрени за употреба. Двете компании тврдат дека можат да произведат милијарда дози годишно, според АП. Најавено е дека годишното производство на вакцината „Кансино“ ќе биде 300 милиони, а вакцината од Вухан 100 милиони дози.