На денешниот виртуелен самит, Кина им понуди вакцини на земјите од Централна и Источна Европа и повика на посилна соработка.

„Подготвени сме за соработка во областа на вакцините“, рече кинескиот претседател Си Џинпинг на видеоконференција со лидерите на 17 земји од Централна и Источна Европа.

Си потсети дека Србија веќе добила еден милион дози вакцини произведени од кинеска компанија и дека Унгарија исто така потпишала договор со кинески производител.

Кина ќе разгледа слични опции со другите земји во регионот.

Клучот за траен однос меѓу Кина и земјите од регионот е во отвореноста и учеството, рече Си.