Кејт, војвотката од Кембриџ, и принцот Вилијам, заедно со инститициите за здравство на Англија, започнаа нова кампања за да им помогнат на луѓето во негување на менталното здравје во време кога карантинот поради коронавирусот е продолжен за уште три недели.

Двојката и нивните три мали деца се во самоизолација во нивната резиденција Анмер Хал во Норфолк. Сепак, тие се ангажирани и прават видеоврски, како дел од кампањата за јавно здравје на Англија „Еври Мајндс Метерс“.

Видеото е предвидено да се емитува на телевизиите и на социјалните медиуми во понеделник. Видеото вклучува совети од Нешнл Хелт Сервис (НХС), со посебен акцент на грижата поврзана со ментална благосостојба за време на карантин.

Мотото на кампањата е „Сите сме заедно во ова“.

– Луѓето остануваат дома за да спасат животи. Не е секогаш лесно. Можеме да се чувствуваме фрустрирани, да ги запоставиме саканите или да станеме анксиозни. Значи, сега, повеќе од кога било, секој ум е важен. Постојат работи што сите во ово време можеме да сториме и водиме грижа за нашата ментална благосостојба. Со „Еври Мајндс Метерс“ може да си помогнете и да започнете со вашиот план за онлајн НХС – рекоа Вилијам и Кејт.

Јавното здравство на Англија (НХС) ја започна својата кампања откако новите податоци покажаа дека четири од пет лица се загрижени за коронавирусот.

Повеќе од половина од луѓето изјавиле дека тоа влијае врз нивната благосостојба. Речиси половина од анкетираните изјавиле дека доживуваат високи нивоа на вознемиреност. Планот „Ментално здравје ковид-19“ е прилагоден на поединците и нивните најблиски и дава поддршка за одредени прашања во врска со менталната благосостојба, како што се вознемиреност, стрес, лошо расположение и проблеми со спиењето.

Секретарот за здравство Мет Хенкок ја поздрави кампањата, нагласувајќи дека е корисна за секојдневниот живот.

– Побаравме луѓето да направат невидени промени во нивните секојдневни животи, како дел од нашите национални напори да одговорат на оваа глобална пандемија. Престојот дома и негледањето на пријателите и саканите може да придонесе да се чувствувате непријатно или вознемирени. Од витално значење е сите да се грижиме за нашето ментално здравје во овие тешки времиња, па затоа денес започнуваме нови упатства на веб-страницата „НХС Еври Миндс Метерс“, што е прилагодена да им помогне на луѓето да се справат со епидемијата преку практични совети. Без разлика дали тоа е преку вежбање, одржување на рутина или со нешто ново, има толку многу што можеме да сториме за да ги задржиме умот здрав и да спречиме проблемите да станат посериозни  и ги охрабрувам сите да го искористат овој брилијантен ресурс – рече Хенкок.

Велика Британија има регистрирано 103.093 потврдени случаи на ковид-19 и 13.729 смртни случаи.