Австралиската држава Викторија го продолжи карантинот за уште три недели иако строгите ограничувања не успеаја да го намалат бројот на нови дневни случаи на коронавирус, пишува „Си-ен-ен“.

Премиерот Даниел Ендрјус вели дека ограничувањата ќе бидат ублажени само кога 70 % од населението ќе ја прими првата доза вакцина. Тој вели дека тоа се очекува да се случи на 23 септември. Досега 56 отсто од луѓето на возраст над 16 години ја примиле првата доза.

Викторија во последните 24 часа регистрира 120 нови случаи во однос на 76 од претходниот ден, но значително помалку од 1.116 случаи регистрирани во соседен Нов Јужен Велс.

Во Сиднеј е воведен карантин на 26 јуни.

Претставниците на Нов Јужен Велс рекоа дека „патот до слободата е помасовна вакцинација“. Досега 37 отсто од луѓето во државата се вакцинирани со првата доза.