Премиерот на Канада, Џастин Трудо, одлучи да се самоизолира кога неговата сопруга Софи добила симптоми на грип. Таа е тестирана за коронавирус, а резултатите се чекаат, пренесува „Ројтерс“.

– Бидејќи премиерот не покажува никакви симптоми, лекарите препорачаа тој да ги продолжи своите дневни активности, но да ја следи состојбата. Сепак, заради претпазливост, премиерот се реши на самоизолација и да работи од дома сè додека не стигнат резултатите од тестот на сопругата – се вели во соопштението од кабинетот на Трудо.

Според Би-би-си, сопругата на канадскиот премиер почнала да покажува симптоми на грип, вклучително и лесна треска, доцна вчера, по враќањето од Лондон.