Бенјамин Нетанјаху покрај првата пратка на вакцини на „Фајзер“ која стигна во Израел

Минатата година Израел жестоко се натпреваруваше со многу поголеми држави за да обезбеди залихи на вакцини од светските произведувачи во екот на пандемијата. А сега е предводник на една од најбрзите светски кампањи за вакцинација, со повеќе вакцини одошто може да употреби, пишува „Фајненшл тајмс“.

Како држава со речиси девет милиони жители успеа да ги убеди компаниите што се додворуваат на пазарите со стотици милиони луѓе, да им дадат предност на нејзините нарачки. Одговорот се наоѓа во 17-те разговори помеѓу првиот оперативец на „Фајзер“ Алберт Бурла, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и израелскиот министер за здраство Јули Еделстин.

Двајцата израелски политичари ветија дека ќе овозможат една од најбрзите кампањи за вакцинација и да ги споделат информациите од нејзините ефекти врз пандемијата, се додека имаат доволни и непрекинати залихи. „Фајзер“ се согласи и испораката почна кон средината на декември минатата година.

Со дополнителните предвидени испораки Израел ќе има вишок на вакцини од сите три главни произведувачи до март. Во рамки на зделката со „Фајзер“ авионите што ги испорачуваат вакцините речиси секоја недела слетуваат во Тел Авив, пречекани од телевизиските камери. Додека другите држави имаат потешкотии да се снабдат со вакцини и се соочуваат со одлагања на испораките, во Израел веќе 2,6 милиони луѓе ја примија првата доза, а 1,1 милиони и втората доза, во рамки на вакцинацијата.

– Вакцинираме со темпо 10 пати побрзо во однос на САД. Ниедна држава не успева да го стори тоа што го правиме ние – се пофали Нетанјаху, со што се предвидува дека вакцинацијата ќе ги подобри неговите изгледи за реизбор кон крајот на март.

Испораките на веќе нарачаните вакцини на „Модерна“ ќе стигнат во Израел во март, а исто така е планирана испорака милиони дози на вакцината на „Астра зенека“. Но Израел планира да го вакцинира поголемиот дел од возрасното население со вакцината на „Фајзер“, па не е јасно што ќе прави со вишокот на залихи, според Еделстин. Израелските медиуми известија дека дел од земјите-членки на ЕУ, меѓу кои е Кипар, побарале од Нетанјаху пристап до израелските залихи, но Еделстин ги негираше ваквите тврдења.

Болниците низ државата веќе собираат податоци по вакцинацијата, како и за намалувањето на бројот на инфекции меѓу оние кои ја примиле втората доза. Тие податоци откриваат дека пандемијата уште не е ставен под контрола во Израел наспроти рекордно брзото темпо на вакцинација. Еделстин истакна дека засега нема официјални податоци кои би можел да ги сподели со „Фајзер“ бидејќи Израел уште не постигнал колективен имунитет.