Во Австрија следи казна од 3.600 евра за одбивање на вакцината против коронавирусот.

Предлог-законот, на кој работи Министерството за здравство, предвидува лицата што нема да ја почитуваат обврската за вакцинирање да бидат казнети со глоба до 3.600 евра за одбивање на првата доза и 1.450 за одбивање на третата доза, пренесува Танјуг.

Властите не се задоволни од стапката на вакцинација. Австрија прва го ограничи движењето на невакцинираните граѓани.

Инаку, Чешка и Словачка од денеска им забранија на невакцинираните лица да посетуваат пабови и други услужни активности, откако одделенијата за интензивна нега во болниците се преполнија поради зголемениот број заболени од корона вирусот.