Бројот на починати од коронавирус во Италија денеска се зголеми за 464, што е благ пораст во однос на вчера кога беа регистрирани 437 смртни случаи.

Во исто време бројот на новозаболени се спушти на 2.646 од вчерашната бројка од 3.370, објави „Ројтерс“.

Вкупниот број смртни случаи од избувнувањето на епидемијата на 21 февруари изнесува 25.549, што е втора бројка во светски рамки, веднаш по САД.

Бројот на заразени во земјата изнесува 189.973, што е трет најголем број на заразени по САД и Шпанија.

Четврти ден по ред бројот на лица кај кои е регистрирана болеста опаѓа, а денеска се спушти на 106.848, од вчерашните 107.699.

На интензивна нега има 2.267 пациенти, што е помалку од вчера кога имало 2.384.

Досега се излекувале 57.576 луѓе.

Првпат италијанската Агенција за цивилна заштита објави податоци за тоа колку лица биле досега тестирани посочувајќи дека се работи за 1.053 милиони луѓе од вкупната популација, која изнесува 60 милиони.