Италија ќе остане во карантин и по 3 април, што беше првичниот рок, за да се спречи натамошното ширење на коронавирусот, изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте.

Тој за италијанскиот весник „Кориере дела сера“ рече дека мерките за затворање на училиштата, универзитетите, ограничувањето на движењето ќе бидат продолжени, пренесува „Ројтерс“.

Според мерките воведени порано од италијанската влада, кои ќе бидат во сила до 3 април, дозволени се патувања само поради работа или од здравствени причини, додека повеќето продавници се затворени, освен оние што продаваат храна и лекови.