Италија од 3 јуни ќе ги отвори сите граници меѓу 20-те италијански региони.

Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанза изјави дека во некои региони ситуацијата се уште е комплексна, но под контрола, а податоците се охрабрувачки. Сепак, како што рече, епидемиолошката ситуација и понатаму ќе се следи.

По отворањето на регионалните граници, остануваат во сила мерките за задолжително носење заштитни маски и физичко растојание од најмалку еден метар. На влезот во рестораните, компаниите и фабриките ќе остане обврската за мерење на температура, а лицата кај кои ќе биде регистрирана телесна температура над 38, ќе бидат под мониторинг и евентуално во самоизолација.