Во Италија денеска стапи на сила мерката за затворање на игралиштата и парковите.

Здравствените власти се пожалија дека премногу луѓе се собираат на игралиштата за да се додаваат со топка или да трчаат во групи.

Според владината мерка за карантин донесена на почетокот на оваа недела, граѓаните можеа да шетаат, трчаат или да возат велосипед во парковите доколку се задржат на најмалку еден метар оддалеченост едни од други.

Но, многумина не се придржувале до тоа.

Италија има најголем број на заразени од коронавирус, по Кина.