Индија денеска објави дека планира да оспособи дел од железничките вагони за изолација на пациенти заразени со коронавирус, како дел од подготовките за здравствена заштита во земјата за очекувано зголемување на бројот на пациенти.

Премиерот, Нарендра Моди, побара од 1,3 милијарди жители да останат во своите домови три недели, во обид да се спречи ширењето на болеста.

Индиската железничка мрежа е запрена, а еден вагон веќе е претворен во прототип на карантин.

Откако ќе се добие одобрување, планот е секоја недела по десет вагони да се претвораат во единици за изолација на пациентите заразени со коронавирусот.

– Железниците ќе обезбедат чисто, дезинфицирано и хигиенско опкружување за пациентите – објави на Твитер министерот за железници.

Тој не кажа за колку луѓе ќе има место во еден вагон.