Владиниот регулатор за лекови одобри вакцината против ковид-19 на индиската компанија „Барат биотек“ да се тестира на луѓето во Индија, која има повеќе од 1,3 милијарди жители и која бележи голем пораст на новозаболени.

Индискиот регулатор за лекови го одобри барањето на компанијата да го тестира лекот „Коваксин“, кој беше развиен во соработка со Националниот институт за вирологија, велат од компанијата.

Тестирањето на вакцините врз луѓето низ целата земја треба да започне во јули. Вакцината е развиена и произведена во фабриката „Барат биотек“ во Хајдерабад.

Индија, која има помалку заразени од САД, Бразил и Русија, во понеделникот регистрира скоро 20.000 новозаболени, покажуваат податоците на Министерството за здравство.