Делта-варијантата на коронавирусот, првично регистрирана во Индија, сега е доминантна во Велика Британија и може да го зголеми ризикот од хоспитализации во споредба со британската варијанта наречена алфа, соопшти денеска владината Агенција за јавно здравје (Public Health England-PHE).

Според последните неделни податоци, евидентирани се 5.472 нови случаја на варијантата делта, со што бројот на вкупно потврдени случаи од овој вид е зголемен на 12.431, објави Агенцијата, пренесува „Ројтерс“.

Здравствените власти посочуваат дека со овој број на потврдени случаи индискиот сој го надминал алфа, однoсно видот што првпат беше идентификуван во Кент, Англија, и кој досега беше доминантен во Велика Британија.