Работниците во воени униформи вчера подигнаа импровизирана мртовечница пред болницата „Белви“ на Менхетен за да се справат со потенцијалниот бран жртви на коронавирусот, објави „Њујорк пост“.

Две приколки-ладилници беа довлечени до местото заедно со специјален караван со ознака „МОБИЛЕН КОМАНДЕН ЦЕНТАР – ПАТОЛОГ“.

Тим луѓе со маскирни униформи и маски за лице поставија серија бели шатори кои формираат тунел до поголем, бел шатор.

Извор запознаен со операцијата изјавил дека на локацијата ќе бидат донесени дополнителни ладилници и дека слични поставки ќе бидат подигнати и пред другите болници.

Гувернерот Ендрју Куомо во вторникот рече дека бројот на починати од короноавирус во Њујорк достигнал 210.