Илјада бегалци од субсахарска Африка се заробени во Мароко во целосна сиромаштија и заразени со коронавирус, пренесува лондонски „Гардијан“.

Бегалците не успеале да стигнат на своите финални одредишта, бидејќи им е забранета работата и пристапот до хуманитарна помош поради вонредните мерки.

– Бедата ни е пред очите – изјавил Осман Ба, лидер на здружението на субсахарските заедници во Мароко.

– Овие луѓе не можат да одат никаде, а невладините организации не можат да дојдат до нив – додал тој.

Мароко одамна е транзитна земја за бегалците кои патуваат кон Европа, но и земја домаќин за многумина. Во овој моментов е потребна итна хуманитарна помош за најмалку 20 илјади бегалци, од кои поголем дел се жители на земјите од субсахарска Африка.