Израел се обидува да се бори против коронавирусот, а новата мерка би можела да ја загрози приватноста на населението. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претстави план за употреба на антитерористичка технологија за следење со која ќе се овозможи да се лоцираат лицата што биле во контакт со заразени со коронавирус.
Тој не зборуваше за деталите поврзани со технологијата, но израелската безбедносна агенција „Шин бет“ потврдила дека таква технологија навистина ќе почне да се применува, пренесе „Ројтерс“.

Експертот за безбедност Авнер Пинчук предупреди дека би можело да се користи и следење на телефоните за да бидат предупредени властите ако некое лице ги крши наредбите за карантинот. Исто така, може да се следат и податоците за да се утврди движењето на оние што се заразени од вирусот, како и со кого тие контактираат.
Многу земји затворија голем дел од својата инфраструктура, вклучувајќи го и Израел, а затворени се и хотели, трговски центри, ресторани и кина.